13 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗајкова: Европското знаменце на Законот за игри на среќа е непотребно

Зајкова: Европското знаменце на Законот за игри на среќа е непотребно

Преку јавна расправа може да се донесе поквалитетен Закон за игри на среќа кој ќе биде во интерес на граѓаните, вели пратеничката Моника Зајкова од ЛДП која е дел од Комисијата за европски прашања која треба да го разгледува новиот предлог Закон за игри на среќа, кој Владата го достави до Собранието.

Европското знаменце на овие законски измени и заобиколувањето на јавната расправа е непотребно, вели Зајкова во изјава за Плус Инфо, додавајќи дека таа не гледа со кои европски законски решенија се усогласува Законот за игри на среќа.

– Сметам дека не треба да брзаме при донесување на овие законски измени, бидејќи преку јавна расправа само може да се донесе поквалитетно законско решение кое ќе биде во интерес на граѓаните и нема да има потреба од негово понатамошно менување поради реакции. Има делови од предложеното кои се спорни и треба добро да се проанализираат. За нас како партија (ЛДП) треба да има регулација на овој бизнис, но притоа да се води отворена дискусија, да се видат аномалиите и предностите, да се слушнат мислењата, па да се донесе квалитетен закон – вели Моника Зајкова за Плус Инфо.

И асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) и на приредувачи на игри на среќа (АПИС) подолг период бараат јавна расправа за предложените измени на Законот за игри на среќа бидејќи имаат многу забелешки на текстот.

– Овој предлог кој е доставен до Собранието е најлошиот предлог кој во историјата на државата бил предложен, а содржината, новите членови, давачките, условите за лиценцирање, монополизирањето на интернетот, оддалеченоста се целосно неприфатливи – велат од АСОМ.

Тие сметаат дека изменетиот закон е неуставен, монополски, и дискриминаторски и значи згаснување на легалната индустрија на игри на среќа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП