18 мај, 2024
ПочетнаСВЕТ„Кланица на двете страни“, голем конвој се упати кон Бахмут (ВИДЕО)

„Кланица на двете страни“, голем конвој се упати кон Бахмут (ВИДЕО)

По повеќе од седум месеци борби, битката за Бахмут се ближи до својата кулминација. Украинците постепено го напуштаат градот и ги засилуваат одбранбените линии во поповолна позиција.

Иако Русија изгледа сè поверојатно да го заземе Бахмут, големата загуба на луѓе и опрема во обидот да го заземе рударскиот град во регионот Доњецк може да ја ограничи нејзината способност да започне нови офанзиви во блиска иднина.

Денис Јарославски, командант на единицата на украинската армија во Бахмут, за ТВ Еспресо изјави дека на некои единици им е наредено да ротираат на побезбедни позиции, опишувајќи ја ситуацијата како „кланица на двете страни“.

Има се повеќе информации кои укажуваат дека украинците контролирано го напуштаат градот и ги зајакнуваат одбранбените позиции западно од градот, во областа помеѓу Часив Јар и Хромово.

На социјалните мрежи се појави и видео на кое се вели дека по наредбата на украинскиот претседател по секоја цена да го брани Бахмут, во близина на Бахмут е забележан конвој на украинската армија.

Американскиот тинк-тенк Институт за проучување на војната (ISW) истакнува дека Украинците очигледно спроведуваат „ограничено тактичко повлекување“ од Бахмут, додавајќи дека се уште е рано да се зборува за целосно повлекување на украинските војници од градот.

Украинските сили веќе ја завршија првата фаза од контролираното повлекување, што вклучува напуштање на позициите на источниот брег на реката Бахмутка. Геолокационите слики покажуваат дека Украинците го уништиле железничкиот мост на реката во североисточниот дел на градот.

Украинците, исто така, полека ги напуштаат одбранбените позиции на југот на Бахмут за да не бидат совладани од Русите и да ги заштитат позициите западно од градот, кои имаат многу поголеми шанси да се одбранат бидејќи се на повисоко место. Се проценува дека останале само околу 2.500 украински војници, кои обезбедуваат безбедно повлекување во западниот дел на Бахмут.

Руските трупи ќе мора да се борат и во центарот на градот, кој е на западниот брег на реката, освен ако не можат да напредуваат северно или јужно од Бахмут, а урбаната војна во Бахмут може дополнително да ги деградира веќе исцрпените руски сили на сличен начин на она што се случи при повлекувањето на украинските сили од линијата Северодоњецк – Лисичанск, кога Украина ја принуди Русија да потроши многу ресурси при освојувањето на тие два града од областа Луганск.

Одбраната на Бахмут сè уште има смисла за Киев, сè додека украинските трупи успеваат да ги истрошат руските војници и опрема, а самите да не претрпат прекумерни жртви.

Во моментов на руските сили им недостасува човечка сила и опрема потребни за големи офанзивни операции, а камоли повеќегодишна кампања за заземање на целиот регион Доњецк. Аналитичарите истакнуваат дека Русија ќе мора да мобилизира значително повеќе луѓе и суштински да ја трансформира својата воена индустрија за да може да поддржува такви операции.

Битката кај Бахмут ги чинеше Русите многу луѓе и опрема.

Иако руската пропаганда тврди дека Бахмут е стратешки важен, градот всушност нема голема стратешка вредност. Во моментов таму нема незаменливи логистички капацитети и индустрија. Исто така, речиси сите жители, од кои околу 70.000 кои живееле таму во предвоениот период, веќе одамна го напуштиле градот.

Дури и ако Русите успеат да го заземат Бахмут, Украинците ќе се повлечат на следната одбранбена линија и со минимална загуба на нивните војници ќе можат да се обидат да ја вратат контролата врз градот во подобри услови.

Како што битката за Бахмут доаѓа на врвот, вниманието се повеќе се фокусира на областите каде Украина би можела да започне контраофанзива. Аналитичарите на ISW забележаа дека запрената руска офанзива во регионот Луганск отвора една од можностите за идна украинска контраофанзива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП