22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститорите на Волстрит внимателни, денес ќе се дознае што се случува со...

Инвеститорите на Волстрит внимателни, денес ќе се дознае што се случува со американската економија

Во понеделникот на Волстрит се тргуваше внимателно, а берзанските индекси останаа речиси непроменети, бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат ризици пред извештајот на претседателот на ФЕД за состојбата на економијата. Dow Jones зајакна 0,12 отсто, на 33.431 поен, додека S&P 500 порасна за 0,07 отсто, на 4.048 поени. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,11 отсто, на 11.675 поени.

На самиот почеток на вчерашното тргување цените на акциите значително пораснаа, при што индексот Nasdaq зајакна над 1 отсто. Меѓутоа, подоцна ентузијазмот ослабна, а индексите ги загубија почетните добивки.

Инвеститорите не се подготвени да преземаат премногу ризик бидејќи сите најнови податоци покажуваат дека инфлацијата во САД останува на високо ниво, што значи дека американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки.

„Пазарот е претпазлив бидејќи оваа недела ќе стане јасно што се случува со американската економија“.

Поради ова, инвеститорите се претпазливи пред извештајот на претседателот на ФЕД Џером Пауел до Конгресот за состојбата на економијата.

Имајќи предвид дека инфлацијата останува висока и економијата расте побрзо од очекуваното, пазарот ги зголеми очекувањата за каматните стапки на ФЕД, кои сега се очекува да се зголемат во опсег од 5,50 до 5,75 проценти до септември, додека сега каматните стапки се движат помеѓу 4,50 и 4,75 отсто.

„Пазарот е претпазлив бидејќи оваа недела ќе се разјасни што се случува со американската економија, со оглед на тоа што Пауел ќе ја коментира ситуацијата и февруарскиот извештај за вработување во САД ќе биде објавен на крајот на неделата. Инвеститорите се загрижени за економските показатели бидејќи тие не знаат што ќе прави ФЕД. Едноставно сите патишта водат до Банката на федерални резерви“, вели Ајрене Тункел, директорка во BCA Research.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера пораснаа. Сепак, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,22 отсто, на 7.929 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,48 отсто, на 15.653 поени, а париски CAC за 0,34 отсто, на 7.373 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП