24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатите руси станаа уште побогати и покрај санкциите

Богатите руси станаа уште побогати и покрај санкциите

Вкупното богатство на најбогатите руси се зголеми за 10,4 милијарди долари од почетокот на оваа година и покрај санкциите на Западот, пишува Блумберг.

Владимир Потанин, сопственик на рударскиот гигант Норилск Никел, води на ранг листата како најбогат руски бизнисмен, чие богатство се проценува на 28,5 милијарди долари.

На второ место е Леонид Микелсон, косопственик на вториот по големина руски производител на природен гас „Новатек“. Заработил 516 милиони долари и го зголемил своето богатство на 25,1 милијарди долари.

Мнозинскиот акционер на руската компанија за челик НЛМК, Владимир Лисин, е третиот најбогат руски бизнисмен. Тој од почетокот на годината заработил 905 милиони долари и го зголемил своето богатство на 20,8 милијарди долари.

По Лисин е Алексеј Мордашов, претседателот на гигантот Северестал, чие богатство се зголеми за 1,54 милијарди долари на вкупно 20,2 милијарди.

Петти е косопственикот на мобилниот оператор Мегафон Алишер Усманов, кој во изминатите два месеци заработил 738 милиони долари, по што неговото богатство е 19,2 милијарди долари.

На листата се најде и Вагит Алекперов, поранешниот прв човек на Лукоил, кој заработил најмногу од почетокот на годината, поточно 2,43 милијарди долари, така што неговото богатство сега изнесува 17,8 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП