6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕве како изгледа новата социјална мрежа на основачот на „Twitter“

Еве како изгледа новата социјална мрежа на основачот на „Twitter“

Џек Дорси на обожавателите на социјалните мрежи им е познат како човекот кој го основал „Twitter“, а воедно бил и извршен директор на оваа платформа.

Неговиот последен проект е свежата социјална мрежа наречена „Bluesky“. Целта на оваа мрежа е да им овозможи на корисниците да изградат заедничка и отворена платформа за социјални медиуми.

Во моментов, апликацијата работи на систем за покани и е во бета-тестирање. Покрај тоа, таа е присутна во продавницата за апликации на „Apple“.

„Bluesky“ ги направи своите први чекори во 2019-та година, кога беше замислен како децентрализирана социјална мрежа и проширување на „Twitter“, но подоцна беше одлучено да биде независен сервис.

„Bluesky“ има кориснички интерфејс сличен на „Twitter“, со опција за додавање 256 знаци како и фотографии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП