28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција: Трговците и владата договорија антиинфлациска кошничка

Франција: Трговците и владата договорија антиинфлациска кошничка

Француската влада постигна договор со водечките синџири на супермаркети за антиинфлациска кошничка, која сами ќе ја дефинираат за да ги намалат трошоците за основните прехранбени производи за граѓаните.

Трговците на мало се согласија да им понудат на клиентите „најниски можни цени“ за период од три месеци за артикли што сами ќе ги изберат, рече Ле Мер на прес-конференција по состанокот со директорите.

Во јуни, трговците на мало и владините претставници ќе ја преоценат ситуацијата и може да побараат од големите добавувачи на стоки за широка потрошувачка повторно да преговараат за цените со малопродажните компании.

Инфлацијата во Франција неочекувано забрза на 7,2 отсто во февруари, од 7 отсто во јануари, делумно поради повисоките цени на храната, покажуваат прелиминарните бројки на статистичката служба INSEE. Статистичарите прогнозираат дека стапката на раст на цените на храната во првата половина од годинава ќе се задржи на 13 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП