Пред два дена исчезнал Самоил Костадиновски, внукот на Љубе Бошкоски. Неговото исчезнување е пријавено во МВР.
Како што наведуваат од МВР, на 4.3.2023, во 8 часот, во СВР Скопје, М. К. (32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил брат му С. К. (26).
Самоил Костадиновски е син на братот на сопругата на Љубе Бошкоски.

На социјалните мрежи беше објавен и апел за помош од граѓаните. Во објавата се вели дека се сомневаат оти Костадиновски бил киднапиран бидејќи исчезнал во близина на чешката амбасада откако таму го оставил своето возило и заминал со возило со други луѓе што го чекале таму. Телефонот му е исклучен. Сепак, оваа објава набргу беше повлечена.