24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаучниците објавија: Овој популарен тип на исхрана може да го удвои ризикот...

Научниците објавија: Овој популарен тип на исхрана може да го удвои ризикот од срцеви заболувања

Исхраната со малку јаглехидрати и многу маснотии може да биде поврзана со повисоки нивоа на „лошиот“ холестерол и да го удвои ризикот од кардиоваскуларни настани како што се блокирани артерии, срцев удар и мозочен удар, според новото истражување објавено од Си-Ен-Ен.

„Нашата студија покажа дека редовното консумирање на исхрана со малку јаглени хидрати и високо ниво на масти е поврзано со зголемено ниво на ЛДЛ холестерол, или „лош“ холестерол и поголем ризик од срцеви заболувања“, рече авторката на студијата д-р Јулија Иатан од Клиника за здравствена превенција програма”Здраво срце“ во болницата Св. Пол во Ванкувер.

Оваа студија дава важен придонес во научната литература и сугерира дека штетите ги надминуваат придобивките, рече Кристофер Гарднер, професор по медицина во Истражувачкиот центар за превенција на Стенфорд, кој спроведе клинички испитувања на кето диетата. Гарднер не бил вклучен во студијата.

Зголемениот ЛДЛ холестерол не треба да се отфрли како занемарлив несакан ефект на многу нискокалорична или кето диета, рече Гарднер, укажувајќи на поголем ризик од кардиоваскуларни настани кај луѓето со повисоки нивоа на кетони во крвта, во споредба со оние на стандардна диета.

Во студијата, научниците ја дефинираа диетата со малку јаглени хидрати како диета во која 45 проценти од вкупните дневни калории доаѓаат од масти, а 25 проценти од јаглени хидрати.

Студијата, која немаше рецензија, беше претставена во неделата на годишниот научен состанок на Американскиот колеџ за кардиологија и Светскиот конгрес за кардиологија.

Го направивме истражувањето затоа што видовме дека пациентите во нашата клиника за кардиоваскуларна превенција имале тешка хиперхолестеролемија по оваа диета, рече Иатан.

Хиперхолестеролемијата, или високиот холестерол, го зголемува ризикот кај една личност за срцев удар или други кардиоваскуларни настани.

Ова нè наведе да ја доведеме во прашање поврзаноста на овие диети со ниска содржина на јаглени хидрати и многу маснотии од една страна со нивоата на липиди и кардиоваскуларни болести. Има ограничени податоци за овој однос, рече таа.

Научниците ја споредиле исхраната на 305 луѓе кои јаделе диета богата со масти и ниски јаглени хидрати со околу 1.200 луѓе кои имале стандардна исхрана, користејќи здравствени податоци од субјекти во Обединетото Кралство кои опфаќаат најмалку десет години.

Тие откриле дека луѓето на кето диета имаат повисоки нивоа на липопротеини со ниска густина, исто така познат како LDL, холестерол и аполипопротеин Б.

Аполипопротеинот Б е протеин кој ги обложува протеините на ЛДЛ холестеролот и може да биде подобар показател за претстојната срцева болест отколку покачените нивоа на ЛДЛ холестеролот.

Научниците, исто така, забележаа дека во вкупниот внес на масти во кето диетата, процентот на заситени масти е поголем и дека се консумира двојно повеќе животински масти (33%) во споредба со оние во контролната група (16%).

По просечно 11,8 години следење и по прилагодување на другите фактори на ризик за срцеви заболувања, како што се дијабетес, висок крвен притисок, дебелина и пушење, луѓето на кето диета имале повеќе од двојно поголем ризик од големи кардиоваскуларни настани, како што се блокади во артериите кои требало да се отворат со стентови, срцев удар, мозочен удар и болест на периферните артерии, открија истражувачите.

Научниците изјавија дека нивната студија „може само да демонстрира поврзаност помеѓу исхраната и зголемениот ризик од големи срцеви настани, а не причината и последицата“, но наодот е достоен за понатамошно истражување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП