9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот во Словенија се предвидува дури во 2014 година

Растот во Словенија се предвидува дури во 2014 година

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во својот најнов извештај, ја намали својата прогноза за економската активност во Словенија за оваа и за наредната година, пренесуваат словенечките медиуми.

Според новата проценка на ОЕЦД, словенечкиот БДП ќе опадне во оваа година во однос на минатата за 2,4 проценти , а во 2013 година за дополнителни 2,1 проценти, додека, до раст на БДП од 1,1 процент ќе дојде дури во 2014 година.

Според најавите од извештајот на ОЕЦД објавен во мај оваа година, оваа година се очекува пад од два проценти, а во наредната година пад од 0,4 проценти. Како и во мај оваа година, причините за трендот на рецесијата ОЕЦД ги гледа во процесот на јавната-финансиска консолидација, во потребата за санација на банките и задолженоста на реалниот сектор. Според новата оценка на ОЕЦД, оваа година стапката на невработеност во Словенија од 8,5 проценти ќе се зголеми во наредната година на 9,7 проценти, а во 2014 година на 9,8 проценти, а инфлацијата оваа година од 2,8 проценти во наредната ќе опадне на 2,3 проценти, а во 2014 година на 1,8 проценти.

Според новите прогнози на ОЕЦД, словенечкиот дефицит на јавните финансии со годинешните 4,3 проценти од БДП ќе се намали на 3,6 проценти во наредната година, и на 3 проценти во 2014 година, додека јавниот долг според критериумите кои се користат во Европската унија ќе се зголеми од 53,9 проценти од БДП во 2012 година на 58,5 проценти во 2013 година и на 61 процент во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП