5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПекинг го промовира јуанот како безбедно засолниште за инвеститорите

Пекинг го промовира јуанот како безбедно засолниште за инвеститорите

Кинеската централна банка очекува разликите во каматните стапки со САД да се стабилизираат и јуанот да привлече меѓународни инвеститори како средство и валута за тргување, финансирање и хеџирање, рече заменик-гувернерот Пан Гонгшенг.

Тој оцени дека улогата на јуанот како безбедно засолниште ќе стане поизразена заедно со закрепнувањето на кинеската економија. „Во моментов, вреднувањето на домашната берза е релативно ниско, а разликата во каматните стапки меѓу Кина и САД е стабилна и конвергирана, така што средствата vo јуани ќе покажат добра инвестициска вредност“, рече Пан, според South China Morning Post.

Странските инвеститори почнаа да се повлекуваат од кинеските акции и обврзници кон крајот на февруари 2022 година по почетокот на војната во Украина. Одливот на фондови се влоши бидејќи јуанот загуби 14 отсто од својата вредност во однос на доларот, откако ФЕД агресивно ги зголеми каматните стапки во обид да ја скроти домашната инфлација.

До крајот на минатата година салдото на домашните средства во јуани во поседување на странски субјекти изнесуваше околу 1.400 милијарди долари или 9.600 милијарди јуани, што е за 120 отсто повеќе од 2017 година. Сепак, ова е помалку од 10.830 милијарди јуани што ги поседуваа странските инвеститори во 2021 година, според податоците на Народната банка на Кина.

Пан не ги коментираше причините за падот на поседувањето јуани на странските инвеститори од 2021 до 2022 година, посочувајќи дека постои „релативно поволна средина и можности“ за интернационализација на јуанot. Флексибилноста на девизниот курс на јуанот е значително зголемена, а бизнисите се поподготвени да го користат јуанот во прекуграничната трговија, инвестициите и финансирањето за да го избегнат ризикот од несовпаѓање на валутите.

Јуанот допрва треба да стане меѓународна резервна валута, но како резултат на западните санкции, Русија ја зголеми употребата на кинеската валута за трговски порамнувања и плаќања. Уделот на јуанот во тргувањето на берзата во Русија, исто така, нагло порасна, при што Русија стана четврти по големина офшор центар за тргување со јуани во октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП