19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин ја насочува Русија кон воена економија

Путин ја насочува Русија кон воена економија

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот потпиша декрет со кој се утврдуваат нови правила за заострување на контролите на компаниите кои не ги исполнуваат договорите за одбрана во случај на воена состојба, што е најнов чекор во подготовките на Кремљ за милитаризација на економијата во моментот кога неговата инвазија на Украина продолжува втора година, пренесува „Bloomberg“.

Декретот ефикасно ја става руската економија на воена основа, иако во земјата не е прогласена официјална воена состојба, освен во делумно или целосно окупираните украински региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, наведува „Reuters“.

Според декретот, државата ќе добие право да ги преземе компаниите кои не ги исполнуваат воените договори за време на воената состојба, суспендирајќи ги правата на сопствениците и акционерите. Според декретот, чиј текст беше објавен во петокот, треба да се формира владина работна група за активностите на компаниите за оружје под воена состојба.

Во октомври Путин воведе воена состојба во окупираните области на Украина, но се воздржа да го стори истото во самата Русија. Сепак, економијата на земјата сѐ повеќе се лизга во режим на војна, со фабрики и погони кои работат во три смени за да ја снабдат армијата која се обидува да окупира големи делови од Украина со материјали и храна.

Новата уредба ќе се однесува на компаниите кои „ги прекршуваат своите обврски од договорите со државата, вклучително и непреземање мерки за обезбедување навремена испорака“, се наведува во документот.

Запрашан дали Путин има намера да прогласи воена состојба во земјата, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека тоа е привилегија на претседателот, но не кажа дали планира да го стори тоа.

Од почетокот на инвазијата минатата година, Русија спроведе законски измени кои и даваат на владата широки овластувања да го контролира однесувањето на компаниите доколку е потребно, нарачувајќи што да произведува и по која цена. Сепак, сè уште не ги користела нашироко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП