Луксузната вила „White Pearl“ е создадена за оние кои можат да си го дозволат луксузот во нивниот живот. За да ја посетите неа треба да ги посетите и Алпите, каде ќе го почувствувате прекрасниот планински воздух и ќе се опуштите во релаксирачката и интимна атмосфера.
Луксузната француска вила е изградена така што луксузот и комфорот се првите нешта кои ќе ги почувствувате во престојот.
Прекрасна мешавина на современиот дизајн и традиционалните материјали, како камениот ѕид и дрвото, кои само го затоплуваат и онака одлично уредениот простор.
Оваа вила располага со 5 спални соби, дневна соба, кујна, трпезарија, како и со внатрешни топли базени.
Добрата страна на оваа вила е што е отворена преку целата година, но оној кој ќе посака да го доживее овој луксуз ќе треба да плати од 18.000 до 33.000 евра неделно, во зависност од сезоната.