Моќниот олигарх Олег Дерипаска предупредува дека финансиските неволји во кои се наоѓа Русија би можеле да кулминираат следната година и апелираше за помош до пријателските земји.
„Нема да има пари следната година“, изјави олигархот Олег Дерипаска вчера на Економскиот форум Краснојарск во Сибир, пренесоа руските медиуми. „Ќе ни требаат странски инвеститори.
Богатството на Дерипаска се проценува на 3,2 милијарди долари. Дерипаска рече дека изградбата на „државен капитализам не е опција“ и предупреди на „сериозни“ санкции.
„Русија треба да продолжи да развива пазарна економија“, рече тој. „Странските инвеститори ќе гледаат како руските инвеститори заработуваат пари, какви услови постојат“, додаде тој.
„Многу е тешко. Правилата на играта се различни“, рече Дерипаска.
„Ако правилата на СТО [Светската трговска организација] не важат за руските претприемачи, тогаш мораме да се префрлиме на билатерални договори. Ќе има проблеми со пресметките, притисокот од санкциите ќе биде тежок“.
И покрај тоа што се очекуваше дека ќе потклекне под санкциите, со руската економија се случи токму спротивното. Падот на рускиот бруто домашен производ е помал од очекуваното, а по една година руската економија успешно се спротивстави на санкциите. Најважен фактор, пишува ДВ, се парите од продажбата на нафта и гас.
Руските енергетски производи ги купуваа не само Индија или Кина, туку и Западот, кој не можеше веднаш да најде алтернатива.