2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватско-словенечки спор за Крањскиот колбас

Хрватско-словенечки спор за Крањскиот колбас

kobasica

Европската комисија им даде рок на Хрватска и Словенија до средината на февруари да го решат спорот околу тоа чиј е Крањскиот колбас, однсоно која од овие две земји ќе може и натаму да го произведува овој сувомесен производ под тоа име.

Доколку двете земји не постигнат договор во утврдениот рок, одллуката за тоа кој ќе престане со производството на Крањскиот колбас ќе ја донесе Брисел, објави хрватскиот весник „Пословни дневник“, додавајќи дека во таков случај коенчното решение на Еврокомисијата би можело да биде познато до крајот на мај.

Словенија бара од Европската комисија заштитено географско потекло за Крањскиот колбас, но Хрватска, чија месна идустрија годишно произведува колбаси во вредност од околу 10,5 милиони евра, смета дека Брисел не би требало да го прифати барањето на Љубљана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП