8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри европски градови воведуваат туристички такси за да се ограничи „претераниот туризам“

Три европски градови воведуваат туристички такси за да се ограничи „претераниот туризам“

Венеција, Валенсија и Барселона ќе воведат нови туристички даноци во 2023 година, потег за кој некои туристички организации предупредуваат дека може да и наштети на туристичката индустрија.

Воведувањето на туристичката такса е обид да се ограничи „прекумерниот туризам“, пренесува Еуроактив.

Стапката, наречена Европски систем за информации и овластување за патување (ETIAS), ќе важи за оние кои ќе ја посетат Шенген зоната од ноември оваа година.

Сите туристи кои не се членки на ЕУ ќе треба да платат 7 евра за безвизен влез – и тоа ќе треба да се обновува на секои три години.

Се поголем број шпански региони наплаќаат и за секоја ноќ помината во хотелско сместување, додека Валенсија ќе воведе сосема нова туристичка такса на крајот на годината.

Во Барселона, главниот град на Каталонија, веќе е во сила данокот за посетители, но тој ќе се зголеми оваа година.

Претседателот на провинцискиот совет на Малага, Франциско Саладо, се изјасни против данокот на ЕУ и рече дека туризмот е економскиот мотор на Малага и Андалузија и го критикуваше потенцијалниот данок.

Како што рече, тоа може да биде голем проблем за Шпанија.

Други градови низ Европа веќе имаат ноќни такси за посетители, како Прага, Берлин, Хамбург, Будимпешта и Амстердам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП