25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИНФЛАЦИЈАТА ЗЕМА ЗАМАВ: Потрошувачките цени во Франција и Шпанија растат

ИНФЛАЦИЈАТА ЗЕМА ЗАМАВ: Потрошувачките цени во Франција и Шпанија растат

Потрошувачките цени во Франција и Шпанија продолжија да растат во февруари, поддржани од зголемените трошоци за храна и енергија, покажува официјалната статистика.

Во Франција индексот на потрошувачките цени се зголеми за 6,2 отсто, наспроти 6,0 во јануари, се наведува во извештајот на францускиот Национален институт за статистика и економски истражувања (Insee).

Во извештајот се наведува дека инфлацијата на храната се зголемила од 13,3 отсто на 14,5 отсто, цените на услугите од 2,6 на 2,9 отсто, додека цените на индустриските производи бележат благ пораст од 4,5 на 4,6 отсто со крајот на зимската распродажба.

Цените на енергијата во февруари скокнаа за 14 отсто на годишна основа, се наведува во извештајот

Индексот усогласен со ЕУ беше 7,2, во споредба со седум отсто во јануари.

Во Шпанија, која успеа да го спречи растот на цените во втората половина на 2022 година, инфлацијата сега расте два последователни месеци.

Потрошувачките цени се зголемија за 6,1 отсто во февруари, објави шпанскиот Национален институт за статистика (INE), а прелиминарните податоци покажуваат дека повисоките цени на струјата и храната се клучните двигатели на растот.

Базичната инфлација, без променливите цени на свежата храна и енергија, изнесува 7,7 отсто на годишна основа, наспроти 7,5 отсто забележани во јануари.

Потрошувачките цени, приспособени за споредба со другите земји од ЕУ, се зголемија на 6,1 отсто во февруари на годишна основа од 5,9 отсто во претходниот месец.

-Порастот на шпанската инфлација е уште еден потсетник дека патот на растот на цените ќе биде нерамномерен надолу, бидејќи основните ценовни притисоци остануваат силни – рече економистот на Блумберг, Ана Андраде.

Економистите предвидуваат дека инфлацијата во Шпанија и Франција ќе продолжи да расте во наредните месеци, што ќе поттикне дополнително зголемување на каматните стапки од страна на Европската централна банка, наведува „Раша тудеј“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП