6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците поради цените се откажуваат и од пивото

Германците поради цените се откажуваат и од пивото

Речиси секој петти германец пие помалку пиво затоа што поскапело, покажуваат резултатите од истражувањето.

Големите германски производители ги зголемија цените во последните месеци или најавија дека ќе го сторат тоа, пренесува dpa.

Во истражувањето на Институтот YouGov, 17 отсто од учесниците рекле дека пијат помалку пиво. Три проценти изјавиле дека пијат уште повеќе, додека две третини (61 процент) пијат како порано. Околу една петтина не одговори.

Повеќе мажи (22 проценти) отколку жени (13 проценти) велат дека поради повисоките цени почнале да се откажуваат од својот омилен пијалок.

Radeberger Group, Krombacher, Feltins и Bitburger ги зголемија цените или ќе ги зголемат. Од пиварниците велат дека се принудени да ги зголемат цените поради зголемувањето на трошоците, на пример енергијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП