25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ се намалуваат цените на горивата

Од полноќ се намалуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука, со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98 % во однос на одлуката од 24.2.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините од 2,256 %, кај дизелот од 3,133 %, кај екстра-лесното масло од 3,205 % и кај мазутот зголемување од 0,011 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,157 %.

Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“ и на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалуваат 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува за 0,064 денари/кг и сега изнесува 41,266 денар/кг.

Од 28.2.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин „евросупер БС-95“ – 81,50 (денар/литар)

моторен бензин „евросупер БС-98“ – 83,50 (денари/литар)

дизел гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 76,00 (денари/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,00 (денари/литар)

„мазут М-1 НС“ – 41,266 (денар/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 28.2.2023 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП