26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ нуди 65 милиони евра за проекти од програмата интелигентна енергија

ЕУ нуди 65 милиони евра за проекти од програмата интелигентна енергија

energija

Компании и институции од Македонија можат да добијат финансии за реализирање проекти преку Програмата –  интелигентна енергија на Европската унија. Со тековниот повик на Европската комисија за таа програма за годинава се одвоени 65 милиони евра и се очекува да бидат одобрени 60-ина проекти на ниво на цела Европа.

– Приоритети во проектите  според потпрограмите се енергетска ефикасност и рационална употреба на ресурси (SAVE), обновливи извори на енергија (AlTENAR), енергија во транспорт (STEER) и заеднички иницијативи од тие области, информира денеска на прес-конференција Јадранка Аризановска, претставник на Стопанката комора на Македонија.

Од 120 милиони евра што за програмата интелигентна енергија биле одвоени лани,  само еден  проект од  одобрените 100-ина бил од Македонија. За  поголем одзив на повикот на ЕК што трае до 8 мај годинава,  комората веќе спроведува информативни денови и обуки за процедурите за аплицирање и за подготовка на проекти. Првично има интерес од над 70 домашни компании.

Според Аризанкоска, процедурите за аплицирање од европските прогами не се секогаш едноставни и треба да се запазат сите правила. Право на учество имаат сите компании и институции од Македонија. Правилата налагаат проектна апликација да може да поднесе конзорциум од минимум 3 партнери од 3 различни земји. Тоа, истакна Аризанкоска, на некој начин претставува и мал проблем за домашните компании бидејќи тука доаѓаат до израз и нивните контакти со компании од други држави и развивање деловни односи  кои се значајни за да се подготви добра проектна документација.

– Втора пречка на некој начин и нешто на што мора да се навикнат нашите компании е дека апликациите се поднесуваат исклучиво електронски. Но, добро е тоа што ЕК дозволи Агенцијата за конкурентност и иновативност  да ги прима на увид проектните идеи од тие што сакаат да аплицираат, што значи дека секоја таква проектна идеја од наши компании ќе подлежи на евалуација и ќе бидат дадени сугестии каде треба да се подобри, што е големо олеснување за компаниите, оцени Аризанкоска.

Буџетот од 65 милиони евра е наменет за проекти за креирање политики и пазарни услови за енергетска ефиканост и обновливи извори на енергија, промоција на енергетска ефиканост и рационална употреба на енергија, зголемување на употребата на алетернативни енергетски извори, поддршка за внесување најнови технологии, размена на искуства. Предвидено е и финансирање проекти за градови и региони за одржлива енергија.

Од програмата за конкурентност и иновативност, за годинава клучен приоритет на ЕК е делување во градежниот сектор, како најголем потрошувач на енергија. Предност ќе имаат проекти  со приоритети  реновирање постојани згради и објекти за граѓани, индустријата и изградбата на згради со многу мала потрошувачка на енергија, како и тие со постојан развој на професионалци во градежен сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП