20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската економија се држи подобро од очекуваното

Руската економија се држи подобро од очекуваното

И покрај тоа што се очекуваше дека ќе потклекне на санкциите, со руската економија се случи токму спротивното.

Падот на рускиот бруто домашен производ е помал од очекуваното, а по една година руската економија успешно се спротивстави на санкциите. Најважен фактор, пишува ДВ, се парите од продажбата на нафта и гас.

Руските енергетски производи ги купуваа не само Индија или Кина, туку и Западот, кој не можеше веднаш да најде алтернатива.

„За Русите тој огромен профит практично падна од небо бидејќи Западот не само што продолжи да купува од Русија, туку купи уште повеќе за да ги наполни магацините“, вели инвестицискиот советник Крис Вефер, кој работи во Русија 25 години.

Според Вефер, ова и овозможи на Москва да ја одржи економската и социјалната стабилност и да ги финансира трошоците за војната.

Економистката од Универзитетот Харвард, Александра Вакро, вели дека руската централна банка презела добри чекори за да ја спречи кризата.

Според неа, санкциите воведени кон Русија поради нападот на Украина биле поткопани со индиректниот увоз преку трети земји.

Иако прогнозите за руската економија годинава се различни, јасно е дека падот ќе биде помал од очекуваното, најмногу до два отсто. Од друга страна, ММФ смета дека руската економија ќе порасне до 0,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП