20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКога ќе се реши светската криза на пазарот на чипови?

Кога ќе се реши светската криза на пазарот на чипови?

Глобалната индустрија за чипови сè уште се обидува да го достигне заостатокот и нарачките, кои драматично ги зголемија цените и ја забавија испораката на производи во многу сектори.

Иако се чини дека сега најмногу страдаат компјутерската, мобилната и автомобилската индустрија, проблемот е многу поголем. Сите индустрии во процесот на дигитализација се погодени од недостиг на чипови, вклучувајќи ја потрошувачката електроника, домашните апарати, индустријата за соларни панели и електрична енергија, Интернетот на нештата, како и производството на LED светилки и штедливи светилки.

Иако некои анализи тврдат дека глобалната понуда и побарувачка ќе се балансираат во текот на првиот квартал на 2024 година, во случај на дополнителни негативни движења, кои се сигурни, закрепнувањето би можело да се одложи за дополнителни шест до девет месеци.

Пазар вреден 1000 милијарди долари

Во најновиот извештај на меѓународната консултантска компанија Horváth се вели дека недостигот на полупроводници може да трае до крајот на следната година. Причината за долгорочното нарушување лежи во екстремната чувствителност на овој високотехнолошки производ и на најмалите промени на пазарот, но и во огромната побарувачка која се зголемува. Според последната анализа, недостатокот е предизвикан и од уникатните карактеристики на оваа компонента од кои зависи современиот свет.

„За производство на чипови се користи исклучително сложена технологија, а слободните капацитети кои можат брзо да го зголемат производството, за да се израмни со растечката побарувачка, речиси и да не постојат. Фазата на воведување нови производи, промени во дизајнот и проширување на постојните производни линии понекогаш трае и до една година, а секоја, дури и најмала промена во таквите високо специјализирани производствени процеси, може значително да влијае на перформансите и времето на испорака на фабриката“, рече Роберт Ќузела, од меѓународната консултантска компанија Horváth.

Сепак, се претпоставува дека пазарот на полупроводници ќе ја пробие годишната граница од 1000 милијарди долари до 2030 година, што е поттикнато од силниот пораст на е-мобилноста, Интернетот на нештата (IoT), но и технологиите за намалување на последиците од климата.

Како настана недостигот и кризата

Шоковите што ја погодија индустријата за полупроводници започнаа со затворање на фабрики и намалување на производството низ Југоисточна Азија на почетокот на 2020 година поради пандемијата на коронавирус.

Потоа, за релативно краток временски период, рестартирањето на економијата резултираше со исклучително зголемување на побарувачката за овој вид производи, а потоа 2022 година донесе сосема нови предизвици на економски и на геополитички план.

Некои економии, особено западноевропските, би можеле да закрепнат порано, но геополитичките тензии, главно поврзани со војната во Украина, како и сè уште актуелните ограничувања за КОВИД во некои делови на Азија, значително ќе го продолжат тоа закрепнување.

Затоа постои можност недостигот да се продолжи до крајот на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП