26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските компании ги намалија инвестициите во Европа

Кинеските компании ги намалија инвестициите во Европа

Кинеските инвеститори забележаа 139 трансакции за преземање и инвестиции во европски компании минатата година, што е за 16 помалку од 2021 година.

Кинеските инвеститори значително ги намалија инвестициите и купувањето компании во Европа во последната година поради тензиите во меѓународните односи и мерките за сузбивање на пандемијата во земјата, покажа студијата спроведена од агенцијата Ернст и Јанг (EY).

Вредноста на 139-те трансакции изнесува само 4,3 милијарди долари и е речиси две третини помалку од 2021 година, проценува EY, истакнувајќи дека куповните цени во повеќето случаи не се обелоденуваат.

Моментално нагласената кинеска воздржаност е особено јасно изразена кога минатата година ќе се спореди со рекордната 2016 година, кога EY изброи 309 кинески аквизиции и инвестиции од кинески инвеститори во Европа, со вкупна вредност од 92 милијарди долари, пренесува Ал Џезира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП