4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДобрите навики за спиење можат да ви го продолжат животот до пет...

Добрите навики за спиење можат да ви го продолжат животот до пет години

Добрите навики за спиење можат да го продолжат животот на луѓето и до пет години, покажува американско истражување објавено денес, пренесува британски Тајмс.

Студијата од 2013 до 2018 година на повеќе од 170.000 луѓе, со просечна возраст од 50 години, кои живеат во САД, покажа дека оние кои имале пет фактори на здрав сон имаат помала веројатност да умрат предвреме.

Резултатите од студијата беа презентирани денеска на годишниот научен состанок на Американскиот колеџ за кардиологија со Светскиот конгрес за кардиологија, објави Тајмс.

Се подразбира дека испитаниците ги имаат сите пет фактори на добар сон ако спијат помеѓу седум и осум часа навечер, немале потешкотии да заспијат повеќе од два пати неделно, немале проблеми да заспијат повеќе од двапати неделно и не користеле лекови за спиење и се чувствувале одморени по будењето најмалку пет дена во неделата.

Помеѓу испитаниците кои ги исполниле сите пет критериуми, очекуваниот животен век бил 4,7 години подолг за мажите и 2,4 години подолг за жените во споредба со оние кои немале ниту еден или само еден фактор.

Истражувачкиот соработник на Медицинскиот факултет на Харвард и коавторот на студијата, д-р Френк Кијан, истакна дека подобрувањето на севкупниот квалитет на спиењето може да спречи одреден број на предвремени смртни случаи.

Кијан истакна дека многу нездрави навики за спиење можат да имаат кумулативен ефект и дека младите треба да бидат свесни за ризиците што ги преземаат.

Студијата исто така покажа дека квалитетот на сонот е поважен од должината на спиењето.

Истражувачите заклучија дека осум проценти од смртните случаи може да се припишат на лошите обрасци на спиење по следење нешто повеќе од четири години, при што умреле 8.681 лице, вклучувајќи 2.610 смртни случаи од кардиоваскуларни болести и 2.052 од рак.

По земање предвид на други фактори за кои е познато дека го зголемуваат ризикот од прерана смрт, како што се претходно дијагностицирани медицински состојби и консумирање алкохол, луѓето кои ги имале сите пет фактори на здрав сон имале 30 отсто помали шанси да умрат предвреме од оние кои немале или имале само еден фактор.

Тие имале 21 отсто помала веројатност да умрат конкретно од кардиоваскуларни болести, а 19 отсто помали шанси да умрат од рак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП