Денес Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност одржа виртуелен настан на кој пријавените ученици и нивните ментори беа запознати со текот на овогодинешниот национален и финален натпревар на Европскиот квиз на пари. Нашата земја по петти пат е дел од овој значаен проект на Европската банкарска федерација, наменет за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години. На работната средба менторите од 84 основни и средни училишта од нашата земја, најмногу досега, и нивните ученици од 177 класови беа запознаени со сите аспекти на натпреварот.
Претставниците од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност дадоа краток осврт на едукативните материјали, а беше спроведена и кратка вежба на електронската платформа „Кахут“, преку која ќе се одвива натпреварот.

