2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСилен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Таџикистан, во близина...

Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Таџикистан, во близина на границата со Кина

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Таџикистан во четвртокот наутро, објави кинеската државна телевизија CCTV.

Земјотресот е регистриран во 8 часот и 37 минути по локално време, на длабочина од 10 километри.

Епицентарот е на околу 82 километри од најблиската граница со Кина, а силно се почувствувал во Кашгар и Артукс во западниот дел на регионот Ксинџијанг, според CCTV.

Просечната надморска височина на пет километри од епицентарот е околу 4.655 метри, истакнува CCTV, а пренесува Ројтерс.

Нема извештаи за жртви. Снабдувањето со електрична енергија и комуникациите работат нормално во Кашгар, објави кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.

Одделот за железници во Ксинџијанг ги запре патничките возови од Аксу до Кашгар на јужната железница Ксинџијанг, објавија државните медиуми.

Локалните власти ги прегледаа мостовите, тунелите и опремата за сигнализација, според CCTV.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП