6 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАНови дојави за бомби: Се евакуираат 12 школи во Скопје и едно...

Нови дојави за бомби: Се евакуираат 12 школи во Скопје и едно во Прилеп

Родители на деца од училишта во Скопје и Прилеп утрово добија пораки да си ги земат децата поради нови дојави за бомби.

МВР е на терен за антитеросристички проверки, а учениците се евакуираат.

„Денеска до 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и едно во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.

Дојава за поставена бомба вчера доби и резиденцијата на претседателот Стево Пендаровски како и неколку хотели, музеи судови и трговски центри.

Полицијата, по направените проверки, утврди дека се работи за лажни дојави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП