Европските земји ја намалија потрошувачката на гас во периодот од август минатата година до јануари годинава, што е резултат на помалата потрошувачка во домаќинствата поради невообичаено топлото време, високите трошоци за индустријата што предизвика помало производство и спроведувањето на државните мерки, пренесува Ројтерс.
Вкупната потрошувачка на гас во рамките на Европската унија е намалена за 19,3 отсто од август во однос на петгодишниот просек во истиот период, објави Европската статистичка агенција (Евростат).

