1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон: Руската економија е многу загрозена од војната, официјалните податоци се пропаганда

Макрон: Руската економија е многу загрозена од војната, официјалните податоци се пропаганда

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени денеска дека руската економија е многу загрозена од војната во Украина и додаде дека не верува во официјалните руски податоци, сметајќи ги за пропаганда.

Макрон, кој денеска беше во посета на Рењис во близина на Париз, рече дека не верува во податоците за намалувањето на бруто домашниот производ (БДП) на Русија за само 2,1 отсто во 2022 година.

„Тие (Русите) велат дека е минус два отсто, јас велам дека е многу повеќе“, рече Макрон.

Според него, Русите заработуваат од гасот што го продаваат на други, но остатокот од економијата многу трпи. „Значи, воопшто не верувам во тие податоци“, додаде Макрон.

„Руската статистика е пропаганда. Тоа е земја која повеќе не е демократска, слободна земја, со независен (статистички) институт“, рече францускиот претседател.

Рускиот БДП се намали за 2,1 отсто во 2022 година, што ја прави економијата поотпорна од очекуваното на влијанието на тешките западни санкции поради агресијата на Москва против Украина, покажуваат податоците на Руската агенција за статистика (Росстат) објавени во понеделникот.

Макрон рече дека „стотици илјади млади луѓе заминале за да избегнат да бидат мобилизирани“ и дека Русите „изгубиле многу можности“ од економска гледна точка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП