26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија од модата заработува 27 милијарди евра годишно

Италија од модата заработува 27 милијарди евра годишно

Италијанскиот туризам од модата годишно заработува 27 милијарди евра, од кои 10 милијарди евра доаѓаат од странски туристи, објави италијанската министерка за туризам, Даниела Сантанче.

На отворањето на саемот за облека и обувки во Милано таа изјавила дека 51 отсто од странските туристи во Италија купуваат чевли, пренесува Мина.

Чевлите станаа симбол за Made in Italy.

Мораме да станеме свесни дека сме најдобри“, рече Сантанке.

Освен модата, во Италија по пандемијата, Рим е на врвот на листата на желби за купувачите на луксузни недвижности. По отворањето на државата, пазарот на недвижности во овој град доживува бум од 2021 година.

Продажбата на најскапиот недвижен имот во италијанската престолнина е зголемена од 2020 година за 31,4 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво од 2007 година, соопшти италијанската управа за приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП