20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК повика на правила за банките да тргуваат со криптовалути

ЕК повика на правила за банките да тргуваат со криптовалути

Јасни правила за капиталот за банките кои поседуваат крипто-средства мора брзо да се усвојат и да се вклучат во банкарските закони на ЕУ, доколку Европа не сака да го пропушти договорениот рок, според Европската комисија.

Базелскиот комитет се согласи во јануари 2025-та година како краен рок за воведување капитални барања за крипто изложеност на банките, вклучително и за биткоини и стабилни коини.

„Во оваа фаза, банките имаат премногу ниска крипто-изложеност и ограничено учество во обезбедувањето услуги поврзани со крипто-пазарите“, велат од ЕК во неформалниот документ за дискусија што го виде „Reuters“.

„Сепак, банките се заинтересирани да тргуваат со крипто средства во име на нивните клиенти и да обезбедуваат услуги поврзани со криптомаркетот“, стои во документот.

Базелските стандарди се воведени во ЕУ со закон, а секое одложување значи дека банките можеби ќе треба да чекаат подолго за да влезат на крипто-пазарот бидејќи правилата за тргување само во ЕУ стапуваат на сила во 2024-та година со крипто средства.

За да се усвојат базелските крипто правила, ЕУ мора или да предложи нов закон или да го прошири тековно усвоениот закон за банкарство, кој исто така го објави Европскиот парламент.

Земјите-членки и ЕП допрва треба да започнат преговори за финалниот текст, кој може да вклучува и правила за тргување со крипто-средства, се наведува во документот на ЕК.

„Од меѓународна гледна точка, ова ќе и овозможи на ЕУ да може да го исполни рокот во однос на базелските критериуми“, пишува во документот.

Документот на ЕК понатаму предлага Европската банкарска управа (ЕВА) заедно со Комисијата за хартии од вредност (ESMA) да ја координираат соодветната категоризација на различни крипто-средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП