29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто се случува кога јадете седум ореви дневно?

Што се случува кога јадете седум ореви дневно?

Дали сте знаеле дека оревите имаат двојно поголемо ниво на антиоксидантот полифенол отколку било кое друго јаткасто овошје? За жал, луѓето немаат навика да ги консумираат секојдневно.

Ова јаткасто овошје е толку богато со антиоксиданти што му помага на организмот да се бори против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките и предизвикуваат многу болести, покажа истражувањето спроведено на Универзитетот во Пенсилванија.

Јаткастите плодови, како што се бадемите, кикиритките, ф’стаците, лешниците и индиските ореви, исто така изобилува со незаситени масни киселини, витамини и протеини, меѓутоа, научниците потенцираат дека луѓето не го консумираат ова јаткасто овошје во доволно количество.

Нашата препорака е да јадете седум ореви дневно, вели водачот на ова истражување Џо Винсон.

Претходните истражувања покажаа дека консумирањето на ореви може значајно да ги намали знаците на стареење, а истовремено штитат од срцеви заболувања и некои видови на рак.

Набрзо потоа било откриено дека само седум ореви дневно се доволни за да се спречи развојот на срцевите болести, со што оревите се прогласени за супер-храна. Ако говориме за здрави намирници за нашето срце, тие се наоѓаат на списокот со трите најздрави намирници кои би требало редовно да ги внесуваме.

Освен што изобилуваат со антиоксиданти, оревите се исто така богати и со здрави влакна, протеини, витамини и минерали. Со тоа, не е ни изненадувачки фактот дека бројни истражувања покажаа дека редовното консумирање на ореви може да ги намали и шансите за развој на дијабетес тип 2.

Оревите се помеѓу најздравите намирници, пред сите други видови храна. Само една шака ореви содржи речиси двојно поголемо количество на антиоксиданти отколку било кој друг вид на јаткасто овошје. Нажалост, луѓето не ги консумираат оревите онолку колку што би требало. Нашето истражување покажува дека здравата исхрана би требало да вклучува и поголема потрошувачка на ореви, вели докторот Џо Винсон.

Плодот од оревите содржи високо количество на масла (55-65%), како и високо количество на квалитетни протеини (15%), јаглени хидрати, а исто така е богат и со калиум, магнезиум, фосфор, железо и витамините Б и Ц.

Многу луѓе го избегнуваат консумирањето на оревите бидејќи мислат дека може да влијаат на зголемувањето на телесната тежина. Меѓутоа, оревите содржат здрави мононезаситени масти кои нема да ги запушат крвните садови. Ако консумирате ореви, нема да добиете на тежина, туку напротив, може да се ослободите од вишокот на килограми бидејќи ќе ви помогнат да се чувствувате сити подолг временски период.

Научниците потенцираат дека најдобар начин е оревите да се консумираат сирови, односно непреработени, бидејќи печењето ја намалува нивната ефикасност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП