9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвест Поинт го организира првиот FINBEE настан за финаниска едукација за млади

Инвест Поинт го организира првиот FINBEE настан за финаниска едукација за млади

Прв настан од овој каркатер во нашата држава каде што користејќи го принципот Learn & Earn, младите ќе имаат можност да го најдат патот до нивната финаниска независност.

Предавањето е дизајнирано да им помогне на учесниците да разберат како функционираат парите во реалниот свет. Од основни поими и разбирање за финансиските концепти до учење за штедење и инвестирање, што секој треба да ги знае. Фокусот ќе биде ставен на практични животни вештини, кои ќе им помогнат на учесниците да донесуваат информирани и измерени финансиски одлуки за нивните пари и да ја превземат контролата врз нивната финансика иднина.

По завршување на работилницата, учесниците ќе развијат силно разбирање за теми поврзани со личните финансии, разбивање на митовите поврзани со парите, правилен однос кон парите и создавање на здрави навики за штедење/инвестирање.

За секој учесник следува награда.

Предaвач: Снежана Поповска, технички аналитичар, CMT, CFTe

Снежана Поповска е дипломиран екнономист, која покрај многубројните стекнати меѓународни сертификати поседува и долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Нејзината цел е да допринесе за развој на регионалниот пазар преку едукација и споделување на нејзиното знаење и искуство. Сака да научи, едуцира и инспирира што поголем број на читатели за финансиските пазари и да ја тргне догмата дека инвестициите се комплицирани и тешки за разбирање.

Верува дека најголемата инвестиција што секој човек може да ја направи е да инвестира во себе и во својот личен развој.

Цена: 2.000 денари, 30% попуст за студенти: 1.400 денари

Попуст за рано пријавување до 22.02.2023: 1.500 денари

Напомена: настанот е наменет за млади до 30 години.

Линк за регистрација: https://investpoint.mk/prijavazanastan/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП