19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата паднаа за околу 4 отсто минатата недела

Цените на нафтата паднаа за околу 4 отсто минатата недела

На глобалните пазари минатата недела цените на нафтата паднаа за околу 4 отсто, по значителниот раст претходната недела, бидејќи трговците очекуваат забавување на растот на американската економија, а со тоа и на побарувачката за „црното злато“. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 3,9 отсто, на 83 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 4,2 отсто, на 76,34 долари.

Цените изгубија голем дел од добивката од претходната недела, кога пораснаа за околу 8 отсто откако Русија објави дека ќе произведува 500.000 барели дневно помалку нафта во март, или околу пет отсто од вкупното производство. Но, минатата недела беше објавено дека руските производители проценуваат дека нема да го намалат извозот и покрај најавата на владата.

ФЕД: Сè уште ќе ги зголемуваме каматните стапки

Цените на нафтата беа под притисок минатата недела, главно поради тоа што стана сè појасно дека американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува клучните каматни стапки за да ја спречи инфлацијата. Тоа секако ќе го забави растот на најголемата светска економија, а со тоа и побарувачката на нафта.

Двајца функционери на ФЕД во четвртокот предупредија дека банката мора дополнително да ги зголеми трошоците за позајмување за да ја намали инфлацијата на посакуваното ниво. Нивните изјави аналитичарите ги толкуваа како најава за поагресивно зголемување на каматите, стравувајќи за економијата и побарувачката на нафта.

Повторно завладеа нервоза поради зголемувањето на каматите“, изјави Стивен Бренок од ПВМ. А дека побарувачката во САД веќе не е импресивна покажа извештајот според кој залихите на сурова нафта минатата недела пораснале за дури 16,3 милиони барели, на 471,4 милиони барели, што е највисоко ниво од јуни 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП