28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанската влада го укина климатскиот „супербонус“

Италијанската влада го укина климатскиот „супербонус“

Во Италија беше суспендиран системот на еколошки даночни кредити, што требаше да го поттикне закрепнувањето на земјата по пандемијата на коронавирусот, но наместо тоа доведе до зголемување на трошоците над 110 милијарди евра и голем број измами.

Неопходно е запирање на системот со цел властите да се спротивстават на „невнимателните политики“ кои се заканија да ја поткопаат исправноста на јавните финансии, изјави италијанскиот министер за финансии Џанкарло Џорџети.

Во изминатите неколку години, особено по завршувањето на пандемијата, Италија воведе низа програми насочени кон „зазеленување“ на просторите за живеење, надградба на покривите и фасадите, како и купување поефикасни приклучоци за гас.

Една од најдарежливите програми за помош, позната и како „супербонус“, обезбеди даночен кредит во вредност од 110 отсто од потрошениот износ, кој можеше веднаш да се повлече. Даночниот кредит исто така може да се разменува меѓу банките, компаниите и финансиските институции на неодредено време и без следење.

Кабинетот на премиерот Џорџa Мелони го одобри законот со кој автоматски се суспендира оваа програма, но со гаранција дека започнатите реновирања ќе бидат завршени.

Претходниот премиер Марио Драги веќе се обиде да воведе построги мерки за оваа програма, која ја нарече „систем без проверки“, а се сомнева дека дури 4,4 милијарди евра завршиле во рацете на криминалци. Системот се сметаше и за причина за презаситеноста на побарувачката во градежниот сектор, што доведе до зголемување на цените на материјалите и опремата.

Во минатогодишниот извештај, Банката на Италија предупреди дека „супербонусот“ не е рентабилен начин за борба против климатските промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП