2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПоранешен чувар на британската амбасада во Берлин е осуден на 13 години...

Поранешен чувар на британската амбасада во Берлин е осуден на 13 години затвор за шпионирање за Русија

Судот во Лондон денеска осуди поранешен чувар на британската амбасада во Берлин на 13 години затвор, откако беше фатен како шпионира за Русија, јавува Си-Ен-Ен.

Судијата Марк Вол рече дека 58-годишниот Дејвид Балантајн Смит собирал информации од британската амбасада помеѓу 2018 и 2021 година, од кои некои биле јасно означени како „тајни“.

„Сигурен сум дека ги извршивте овие злосторства со намера да и помогнете на Русија… Вашиот мотив да им помогнете беше да им наштетите на британските интереси“, рече судијата, пренесе Ројтерс.

„Русите ве платија за предавство“, додаде тој.

„Од јасно идентификуваните тајни документи, еден беше чувствителен извештај упатен до тогашниот премиер Борис Џонсон, испратен до него од членовите на неговиот кабинет. „Некои од документите со пониска класификација открија имиња, фотографии и лични податоци на персоналот на амбасадата“, рече судијата.

Смит се изјасни за виновен по осум точки од обвинението според Законот за службени тајни за сторено дело штетно за безбедноста или интересите на државата во ноември 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП