17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на европскиот гас паднаа на нивото од септември 2021 година

Цените на европскиот гас паднаа на нивото од септември 2021 година

Цената на фјучерсите на природниот гас во Европа денеска падна под 50 евра за мегават час.

Со цена од 49,5 евра за мегават час, цената на природниот гас се врати на нивото од 21 септември 2021 година.

Како што Европа се приближува кон крајот на зимската сезона со магацини со капацитет од 65 отсто, што е значително над 10-годишниот просек за овој период од годината од 54 отсто, цените паѓаат.

Исто така, благата зима, рекордниот увоз на ЛНГ и зголемувањето на производството на електрична енергија од алтернативни извори влијаат на намалувањето на побарувачката на гас.

Податоците покажуваат дека германската побарувачка за гас на почетокот на февруари била за осум отсто помала од претходниот четиригодишен просек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП