25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожноста за дополнително зголемување на каматните стапки ги намали азиските берзи

Можноста за дополнително зголемување на каматните стапки ги намали азиските берзи

Најважните индекси на азиските берзи денеска паднаа, бидејќи најновите податоци за инфлацијата во САД упатуваат на можно продолжување на агресивното заострување на монетарната политика на ФЕД, што ја намали и цената на нафтата, додека курсот на доларот продолжува да профитира од таква ситуација.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките берзи без Јапонија беше во минус од 1,16 отсто во 19 часот.

Истовремено, токискиот Никеи падна за 0,76 отсто, а ослабеа и другите најважни регионални индекси, австралискиот за 0,86 отсто, јужнокорејскиот за 0,95 отсто и хонгконгшкиот за 0,75 отсто.

Последните податоци за бројот на Американци кои аплицирале за помош за невработеност минатата недела се помали од очекуваното, додека цените на производителите во јануари пораснале за 0,7 отсто на месечно ниво, односно со највисока стапка во последните седум месеци.

Учесниците на пазарот сега очекуваат каматните стапки во САД да бидат блиску до 5,3 отсто до јули.

Претседателот на ФЕД во Св. Луис Џејмс Булард, рече дека гледа поагресивни потези на ФЕД во иднина.

„Се залагав за зголемување на каматните стапки на состанокот на ФЕД во јануари за 0,5 процентни поени и изјавив дека треба што поскоро да достигнеме ниво на каматни стапки што го сметаме за доволно рестриктивни“, рече Булард за време на неговиот вчерашен говор.

Претседателката на ФЕД од Кливленд, Лорета Местер, изјави дека на последната седница на ФЕД се залагала за повисоко зголемување на каматните стапки од одобрените 0,25 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП