25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната: Намалено кредитирање

Еврозоната: Намалено кредитирање

evro1

Кредитите од банките за домаќинствата во еврозоната повторно се намалија во декември 2012 година.

Причината за тоа е долготрајната должничка криза во овој регион, која и понатаму ја попречува побарувачката за кредити, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).

Банкарските кредити во еврозоната во приватниот сектор се намалени за 0,7 проценти во декември 2012 година во споредба со истиот месец од претходната година, откако во ноември веќе се намалија за 0,8 проценти, се наведува во соопштението на ЕЦБ.

ЕЦБ веќе долго време укажува дека малиот број на кредити во приватниот сектор го одразува падот на побарувачката за кредити, а не строгите кредитни услови, со оглед на песимистичките економски прогнози.

Според податоците на ЕЦБ, растот на обемот на пари во оптек е забавен во текот на минатиот месец. Индикаторот М3, клучниот показател на инфлациските притисоци во еврозоната, во декември се зголемил за 3,3 проценти во однос на 3,8 проценти во ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП