Американскиот претседател Џо Бајден денеска со поддршка на својот нов тим економски советници го критикуваше планот на републиканците кој предвидува намалување на јавната потрошувачка.
Администрацијата на Бајден не се согласува со барањата на републиканците за намалување на јавната потрошувачка, со аргумент дека благодарение на зголемените јавни распределби се охрабрува закрепнувањето на американската економија, пренесува Ројтерс.

