19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКим Џонг-ун наредил сите што имаат исти имиња како неговата ќерка веднаш...

Ким Џонг-ун наредил сите што имаат исти имиња како неговата ќерка веднаш да ги променат

Севернокорејскиот лидер и диктатор Ким Џонг-ун упати барање во таа земја со наредба на сите со исто име како неговата ќерка Ким Џу-аје веднаш да ги променат.

Медиумите од Северна Кореја јавуваат дека властите во земјата ги повикале луѓето со исто име како десетгодишната ќерка Ким Џу-ае да ги сменат имињата што е можно поскоро, пренесува Радио Слободна Азија.

Администрацијата на локалната власт, исто така, ќе ја прегледа евиденцијата и поединечно ќе ги повика сите лица со тоа име да ги променат.

Во последниве месеци, државните медиуми ја прикажуваа Ким Џу-ае како го придружува нејзиниот татко на големи настани, што ги поттикна шпекулациите дека таа би можела да биде следна на редот за да ја води земјата.

Иронично, нејзиното име се уште не е „официјално“ откриено во јавноста. Наместо тоа, државните медиуми ја нарекуваат „благородно дете“, „почитувано дете“ или „сакана ќерка“.

Извори во Северна Кореја рекоа дека владата сега го принудува секој по име Џу-ае да го промени во нешто друго, само потврдувајќи дека Џу-ае е името на ќерката на Ким Џонг-ун и дека таа најверојатно ќе има важна улога или како политичар, пропагандно оружје или и двете.

„Службеник за социјално осигурување рече дека причината поради која властите истражуваат поединци по име „Џу-аје“ и ги принудуваат да ги променат нивните имиња е затоа што тоа е име на ќерка, име кое се рекламира како „благородно дете со највисоко достоинство““, изјави извор за Радио Слободна Азија, користејќи почесен термин за Ким Џонг-ун.

Ким Џонг-ун направи слични потези и порано кога нареди да се сменат сите имењаци на неговата сопруга Сол-Џу.

Претходно, тој исто така забранува некој во Северна Кореја да се нарекува како него – Џонг-ун.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП