25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолапс на туризмот во Русија: Никогаш не виделе такви бројки

Колапс на туризмот во Русија: Никогаш не виделе такви бројки

Бројот на туристи во Русија во 2022 година е намален за 96,1 отсто поради меѓународните санкции воведени по почетокот на воената интервенција во Украина, соопштија претставници на тој сектор.

Според Здружението на руски тур-оператори, кое се повикува на податоците на руската гранична служба, минатата година во Русија влегле само 200.100 странски туристи, значително помалку во споредба со периодот пред пандемијата на коронавирус во 2019 година, кога тој број изнесуваше повеќе од пет милиони луѓе.

„Причините се очигледни – затворениот воздушен простор меѓу Русија и огромното мнозинство европски земји, како и неможноста за користење картички издадени од странски банки во Русија“, се наведува во соопштението на здружението.

По почетокот на руската инвазија на Украина пред речиси една година, Европа речиси целосно го затвори својот воздушен простор за руските авиони.

На почетокот на март 2022 година, првата руска авиокомпанија, Аерофлот, дури најави прекин на меѓународните летови на одредено време.

Бројот на странски туристи во Русија во 2022 година е значително помал од нивоата забележани во 2020 година (335.800 луѓе) и 2021 година (288.300), две години обележани со големи ограничувања за патувања низ светот поврзани со пандемијата на коронавирус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП