Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари 2023 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.1, а индексот на цените на мало изнесува 99.6.
Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај кафето, чајот, какаото за 1.9 %, рибата и морските плодови за 1.6 %, свежото и разладеното овошје за 1.2 %, жестоките пијалаци за 1.1 %, месото за 0.6 %, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.5 % и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.2 %.
Во јануари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај собирањето смет за 4.6 %, весници, книги и канцелариски материјал за 4.3 %, електричната енергија за 3.7 %, другите услуги, неспоменати на друго место за 3.2 %, големите електрични апарати за домаќинствата, поправката на апаратите за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци за 2.3 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, игрите, играчките и хобијата за 2.1 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 1.9 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1.7 %, производите за домаќинството – нетрајни за 1.6 %, ветеринарните и другите услуги за домашните миленици за 1.5 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.4 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, мебелот и покуќнината, теписите и другите подни покривки, фризерските салони и центрите за разубавување, електричните апарати за лична хигиена за 1.3 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 1.2 %, рестораните, кафулињата и слично за 1.1 %, моторните возила за 1.0 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, услугите за култура за 0.9 %, другата облека и додатоците за облека, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, туристичките аранжмани за 0.8 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.7 %, накитот, часовниците и рачните часовници, другите финансиски услуги неспоменати на друго место за 0.6 %, другите лични предмети за 0.5 %, поправките и изнајмувањето на обувките, големите алатки и опремата за 0.4 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, течните горива за домаќинствата, велосипедите за 0.3 %, актуелните ренти исплатени од станарите, гасот за домаќинствата, цврстите горива за домаќинствата за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 10.3 %, маслото и маснотиите за 3.2 % и виното за 0.5 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 23.4 %, снабдувањето со вода за 4.4 %, медиумите за снимање за 3.0 %, обувките за 2.6 %, услугите за сместување за 1.8 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.1 %, облеката за 0.4 %, малите електрични апарати за домаќинствата, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи зголемување од 17.1 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 13.3 %.