19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија на „пријателските“ земји ќе им испорачува повеќе од 80 % од...

Русија на „пријателските“ земји ќе им испорачува повеќе од 80 % од својата нафта

Оваа година Русија планира на „пријателските“ земји да им продаде повеќе од 80 отсто од извозната нафта, како и 75 отсто од нафтените деривати за извоз. Ова го соопшти рускиот вицепремиер Александар Новак за магазинот „Energy Policies“, пренесува ТАСС.

„Во Русија сè уште бараме и откриваме нови пазари. Оваа година се очекува повеќе од 80% од извозот на нафта и 75% од нафтените деривати да бидат испорачани до „пријателските“ земји“, рече вицепремиерот.

Според Новак, постепеното отфрлање на руската нафта од западните земји „веќе предизвика нестабилност на светските нафтени пазари, како и негативни економски ефекти за земјите што ги воведоа ограничувањата. Нафтата „брент“ достигна врв од 125 долари за барел и остана над 100 долари за барел до есента минатата година“.

Тој предупреди на неизвесноста околу глобалните пазари на „црното злато“, додавајќи дека западните земји од групата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) од САД, Канада и Норвешка би можеле да ги ослободат своите стратешки нафтени резерви.

Наспроти ова, извозот на гас од Русија во 2022-ра година е намален на 184,4 милијарди кубни метри, или за 25,1 отсто помалку во однос на количините во 2021-ва година. Драстичниот пад е резултат на саботажата на гасоводите Северен тек 1 и 2, објасни Новак.

Според него, Русија лани извадила 673,8 милијарди кубни метри сино гориво. Земјата направи напори да ја диверзифицира својата извозна инфраструктура, додаде тој, така што Русија сега може да продава повеќе гас во азиско-пацифичкиот регион.

„За таа цел, „Газпром“, по налог на рускиот претседател, работи на забрзување на изградбата на далечната источна рута, како и на гасоводот „Моќта на Сибир-2“, изјави Новак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП