23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел подготвува 10-ти пакет санкции против Москва

Брисел подготвува 10-ти пакет санкции против Москва

Европската унија е подготвена да предложи нов пакет санкции за дополнително ограничување на воените способности на Русија. Мерките ќе вклучуваат нови широки забрани за извоз на многу руски производи, технологии во компоненти кои се идентификувани во руските вооружени сили во Украина.

Неименувани извори од ЕУ на кои се повикува Блумберг наведуваат дека Европската комисија планира да предложи и забрана за увоз на тешки возила, вклучувајќи камиони и шумарство и земјоделска механизација, како и можни ограничувања за увоз на гума и асфалт од Русија.

Потенцијалната нацрт мерка допрва треба да биде формално предложена и сè уште е во фаза на преговори. Целта е 10-тиот пакет санкции симболично да биде објавен на 24 февруари, на годишнината од почетокот на војната во Украина. ЕУ би можела да воведе санкции за уште десетици поединци и субјекти, како и дополнително да ја санкционира руската платеничка единица Вагнер.

Новиот пакет санкции, исто така, треба да ги зајакне напорите за блокирање на обидите за заобиколување на постоечките санкции со забрана на фирмите од ЕУ да продаваат клучни извозни производи на трети земји кои потоа ги испорачуваат во Русија. ЕК подготвува предлог за санкции против неколку руски банки, но некои европски земји се против.

Покрај тоа, ЕУ ќе предложи нови санкции против Белорусија поради нејзината поддршка за Русија во војната во Украина. Санкциите против Минск се насочени кон енергијата, инженерството и технологијата. Тешко дека руската нуклеарна компанија Росатом ќе биде цел на европските санкции, бидејќи неколку земји-членки на ЕУ се против таквиот предлог.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП