20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПАЃААТ ЦЕНИТЕ НА СУРОВАТА НАФТА: Се очекува намалување на побарувачката на „црното...

ПАЃААТ ЦЕНИТЕ НА СУРОВАТА НАФТА: Се очекува намалување на побарувачката на „црното злато“

Цените на нафтата на светскиот пазар вчера паднаа во пресрет на објавувањето на краткорочните податоци за стапката на инфлација во САД.

Во Лондон цената на суровата нафта од типот Брент од Северното Море е пониска за 25 центи или 0,2 отсто и сега изнесува 86,14 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 25 центи, или 0,3 отсто, на 79,47 долари за барел.

-Цените на суровата нафта паѓаат бидејќи трговците со енергенси претпоставуваат дека ќе има намалување на побарувачката, бидејќи извештајот за инфлација би можел да ги принуди Федералните резерви да ја заостри фискалната политика – изјави пазарниот аналитичар од компанијата „ОАНДА“ Едвард Моја.

Извештајот за потрошувачките цени во САД треба да биде објавен денес.

Моја додаде дека оваа недела може да биде пресвртна точка во однос на тоа колку е лоша ситуацијата со рецесијата, пренесува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП