21 април, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузно бришење: Најскапата тоалетна хартија

Луксузно бришење: Најскапата тоалетна хартија

har1

Една ролна од јапонската тоалетна хартија Ханебишo се продава по цена од 13 до 17 долари. Причина за тоа се увозните суровини, скапиот процес на производство и посебно декорираната кутија во која се пакува.

Ако имате пари за фрлање, дозволете си една ролна Ханебишо, тоалетна хартија која чини од 13 до 17 долари и се смета за најскапа во светот. Дневно се произведуваат само 150 ролни од оваа луксузна хартија која има врвен дизајн и неверојатна мекост, како свила.

Ханебишо хартијата се произведува во Јапонија, а причината за нејзината цена е тоа што се прави од најквалитетна целулоза увезена од Канада, додека во процесот на производство се користи вода од најчистата река во Јапонија, реката Јодо. Во изработката на оваа хартија се внимава на секој детал. Секоја ролна после изработката се ипраќа кај претседателот на компанијата, кој во изминатите 10 години лично ја тестирал секоја ролна.

har3

И самото пакување на Ханебишо хартијата е посебен процес. Секоја ролна се витка во специјалната скапоцена јапонска хартија „Тоша Ваши“ и се пакува во украсна кутија која е рачна изработка на уметник од Кјото. Внатрешноста на секоја кутија е покриена со сребрена хартија. Како што напоменува официјалната веб страница на компанијата, Ханебишо хартијата е најмеката и надобро дизајнираната тоалетна хартија во светот.

har4

– Кога користите Ханебишо хартија имате чувство дека вашата кожа е обвиена со свила – тоа е една од рекламните пораки на компанијата, која пред пет години му подарила луксузна тоалетна хартија на јапонскиот цар.

– Ако хартијата била добра за задникот на Неговото Височество, ќе биде добра и за вас – им порачуваат на потенцијалните купувачи од компанијата. Покрај тоа, на веб страницата на јапонската компанија стои и коментар на еден задоволен купувач.

– На татко ми му купив ваква луксузна тоалетна хартија, како подарок за Денот на татковците. Бидејќи и кутијата и хартијата многу му се допаднаа, тој ја стави како украс и ја чува во дневната соба – напишал еден од задоволните купувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП