2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија преговара со Оман за снабдување со течен гас

Германија преговара со Оман за снабдување со течен гас

Германија е во напредна фаза на преговори со Оман за потпишување на долгорочен договор за набавка на течен гас, пренесува „Reuters“. Извори на агенцијата тврдат дека во тек се разговори за испораки од 0,5 до 1 милион тони годишно за период од 10 години.

Ова е дел од кампањата на Берлин за изнаоѓање алтернатива за рускиот природен гас. Во септември, германската „RWE“ обезбеди договор за снабдување со LNG со „ADNOC“ од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Владата ги охрабрува неодамна национализираните „Uniper“ и „Sefe“, исто така, да бараат алтернативи.

Извори на „Reuters“ коментираат дека во разговорите во Оман е вклучен и „Uniper“. Во 2021-ва година, компанијата потпиша договор за учество во проектот за водород „HYPORT Duqm“, а во последните месеци имаше разговори и за снабдување со амонијак.

Германската индустрија е силно зависна од природен гас, а Берлин е во разговори со различни добавувачи во обид да ја постигне својата цел целосно да го прекине купувањето на руски природен гас до средината на 2024-та година. Германија со месеци води преговори со еден од најголемите добавувачи на течен природен гас, Катар, но има некои пречки, Доха претпочита да склучува 20-годишни договори за снабдување, што е во спротивност со климатските цели на Берлин. Сепак, дури и да се постигне позитивен исход, овие залихи не можат да помогнат веднаш да се реши енергетската криза.

Во ноември 2022-ра година, „QatarEnergy“ и „ConocoPhillips“ потпишаа два договори за испорака на 2 милиони тони течен гас за Германија годишно за период од 15 години. Договорот ќе стапи на сила од 2026-та година, посочува и „Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП