3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЗаљубениот милијардер е отворен за нова врска: Девојката на Бил Гејтс е...

Заљубениот милијардер е отворен за нова врска: Девојката на Бил Гејтс е големо изненадување (ФОТО)

Се шушка дека еден од најбогатите луѓе во светот е во врска со Пола Херд (60).

Како што пренесуваат странските медиуми, Бил Гејтс (67) си нашол нова љубов, а тоа е вдовицата на поранешниот директор и претседател на Оракл Марк Херд, Пола.

„Тие се неразделни“, пренесува Daily Mail.

Познато е дека дипломирала на Универзитетот во Тексас во Остин со диплома за бизнис администрација во 1984 година. Таа беше извршен директор на NCR во 1990 година кога се омажи за нејзиниот покоен сопруг, и тие имаат две ќерки, Кетрин и Кели.

Минатиот месец, Пола и Бил беа видени како заедно го гледаат финалето во сингл за мажи на Австралија опен во Мелбурн.

Да потсетиме, Бил Гејтс пред две години се разведе од Мелинда, со која беше во брак 27 години. По разводот тој за странските медиуми изјави дека е отворен за романтична врска и дека „не е робот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП