17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈелен: Нема рецесија во САД

Јелен: Нема рецесија во САД

Американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека гледа пат кон избегнување на рецесија во САД, со значително ублажување на инфлацијата, а економијата да остане силна, со оглед на силата на американскиот пазар на труд.

„Немате рецесија кога имате 500.000 (нови) работни места и најниска стапка на невработеност во повеќе од 50 години. „Она што го гледам е пат каде што инфлацијата значително се намалува, а економијата останува силна“, изјави Јелен за ABC, пренесува Ројтерс.

Јелен рече дека инфлацијата останува превисока, но се намалува во последните шест месеци и може значително да се намали со оглед на мерките што администрацијата ги усвои, вклучително и чекорите за намалување на цената на бензинот и лековите на рецепт.

Податоците на американското Министерство за труд објавени минатата недела покажаа дека растот на работните места нагло се забрза во јануари, при што non-farm-peyrolls се зголемија за 517.000, а стапката на невработеност падна на најниското ниво во последните 53 години од 3,4 отсто.

Силното вработување, кое дојде и покрај отпуштањата во технолошкиот сектор, ги намали очекувањата на пазарот дека Федералните резерви на САД се блиску до паузирање на циклусот на затегнување на монетарната политика.

Јелен истакна дека намалувањето на инфлацијата останува приоритет на претседателот Џо Бајден, како и дека американската економија се покажала како „силна и издржлива“. Таа оцени дека три американски закони, за намалување на инфлацијата, за инфраструктура и за наука и производство на чипови, можат да помогнат во намалувањето на инфлацијата, како и ограничување на цената на нафтата од Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП