2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКражбите на криптовалути го достигнаа врвот во 2022-ра - 3,8 милијарди долари

Кражбите на криптовалути го достигнаа врвот во 2022-ра – 3,8 милијарди долари

Минатата година беше рекордна по вкупната вредност на криптовалутите украдени од хакери, пишува „Reuters“.

За 2022-ра година, хакерските групи насочени кон кражба на крипто-средства генерираа 3,8 милијарди долари, а предничат организациите поврзани со Северна Кореја. Тие достигнаа историски врв во нивната нелегална активност, според резултатите од истражувањето на американската компанија за анализа на блокчејн технологијата „Chainalysis“.

Според нив, хакерската активност на ова поле била „одлив и прилив“ во текот на годината, со „огромни врвови“ во март и октомври, при што октомври е месец со најмногу напади насочени кон крипто индустријата во нејзината историја. Во 32 одделни напади биле украдени 775,7 милиони долари, се вели во извештајот.

Пазарот на криптовалути беше сериозно потресен во 2022-ра година, бидејќи глобалната економска ситуација ги намали апетитите за ризични инвестиции, што доведе до банкрот на многу водечки компании во секторот. Како резултат на тоа, инвеститорите загубија многу, а регулаторите ги засилија повиците за поголема заштита на потрошувачите и построги правила за тоа како работи индустријата.

Ова, се разбира, ги погоди и злонамерните играчи вклучени во кражба на крипто средства. А сепак, хакерите поврзани со Северна Кореја, како што е групата „Lazarus“, на пример, може да се пофалат со личен рекорд од околу 1,7 милијарди долари, вели „Chainalysis“.

„Во 2022-ра година, тие ги урнаа сопствените рекорди за кражби“, се вели во извештајот на компанијата.

Иако Северна Кореја ги негира тврдењата дека стои зад разни хакерски групи, експертски панел на ОН вели дека земјата се повеќе се потпира на сајбер напади за да ги финансира своите ракетни и нуклеарни програми.

„Не е претерување да се каже дека кражбата на криптовалути е значаен дел од економијата на земјата“, според аналитичарската компанија, цитирана од „Reuters“.

2022-ра година, исто така, забележа рекорден износ на крипто трансакции поврзани со нелегални активности. Тој достигна 20,1 милијарди долари, велат од „Chainalysis“ за „Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП